CONTACT US
РАЗГОВАРАЈТЕ
СО НАС
Контактирајте нè

Услуги

ASURA Група нуди широк спектар на услуги за управување со објекти, но нашиот примарен фокус е на аутсорсинг на интегрирани услуги за управување со објекти за: меѓународни компании, финансиски институции и приватни инвеститори со големи портфолија на недвижности. Се потпираме на нашата техничка експертиза и водечката позиција на пазарот за да обезбедиме најдобри резултати во грижата за вашите комерцијални недвижности.
Техничкото управување ги штити вашите комерцијални недвижности со редовно превентивно и брзо реактивно одржување од покрив до подрум и повеќе од тоа. Решете ги вашите проблеми и најдете квалитетни решенија во партнерство со ASURA Група. Facility Management Powered By People
Инфраструктурното управување со објекти го заштитува угледот на вашиот имот, одржувајќи го неговиот изглед постојано чист и претставителен.
Зголемете ја вредноста на вашиот имот со внимателно управување на капиталните расходи (CapEx) со помош на нашите стручни инженери. Подобро одлучување Powered By People

 
Едноставно кажано, нудиме техничко управување со објекти (грижа за механички, електрични, HVAC и водоводни системи), инфраструктурно управување со објекти (чистење, уредување на околина, зимска служба и контрола на штетници), приватно обезбедување, кетеринг и управување со проекти централизирани под еден менаџер, формирајќи една услуга - интегрирано управување со објекти низ целиот регион на ЦИЕ.
Smart FM се грижи за вашата зграда 24/7/365: далечински надзор, превентивно и корективно одржување и мобилни техничари, сè во роковите од однапред дефиниран SLA пакет. Изберете FlexFM пакет по мерка на вашиот имот. Smart FM Powered By People
Приватното обезбедување и противпожарната заштита ги прават вашите комерцијални недвижности безбедни и заштитени. Нудиме поголема флексибилност во односот кон клиентите и построги стандарди преку групните Стандардни оперативни процедури (SOP) и врвните практики за вработување. Чувствувајте се безбедно и сигурно Powered By People
Израдувајте ги вашите вработени и посетители со имплементација на услугата за кетеринг од ASURA во вашите комерцијални недвижности. Свеж избор Powered By People
Контактирајте нè